Манчестер Сити на дофат на титулата

Фудбалерите на Манчестер Сити се блиску до одбрана на титулата шампион на Англија откако во заостанат натпревар во Лондон го совладаа Тотенхем со 2:0 и го преземаа водството од Арсенал.

Норвежанецот Ерлинг Халанд ги постигна двата гола за Сити. Најпрво во 51. минута Халанд го искористи додавањето на Кевин де Брујне, а во 91. погоди од белата точка по прекршокот на Педро Поро врз Доку.

Сити има 88 бода, два повеќе од Арсенал, додека Тотенхем е петти со 63 бода. На Сити за титулата му е потребна само домашна победа над Вест Хем во последното коло.

Доколку „Граѓаните“ ја освојат титулата, ќе влезат во историјата бидејќи ниту еден англиски клуб не ја освоил Премиер лигата четири години по ред.