Ноќеска, по полноќ, бил запален службениот автомобил ,,пасат” на Зоран Јовановски, директорот на затворот ,,Идризово”.
Настанот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода, при што пожарни возила го изгасиле запалениот автомобил.
На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј.. Од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.