
Шпанската болничарка, која е прва заразена со вирусот на болата вон границите на африканскиот континент, е целосно излекувама, покажуваат конечните резултати од тестирањето, објавија денеска шпанските лекари.
– Критериумите на излекуваност од ебола, поставени од Светската здравствена организација се исполнети. Таа е излекувана, изјави д-р Хозе Рамон Арибас, шеф на инфективното одделение на мадридската болница Карлос Трети.
Тереза Ромеро (44) со ебола се инфицира по негувањето на двајца заболени свештениви во мадридската болница.
Ромеро е лекувана со инфузии од хумани серуми, кои содржат антитела од лица кои преживеале ебола, како и други лекови.