Четворица убиени во протестите во Нова Каледонија, Франција прогласи вонредна состојба

Франција прогласи вонредна состојба на својата прекуморска територија пацифичкиот остров Нова Каледонија во средата, откако тројца млади мажи и еден полициски службеник загинаа во насилните безредија поради изборните реформи.

Вонредната состојба, која стапи на сила во 5 часот по локално време, им дава на властите овластување да забранат собири и движење на островот под француска власт. Дополнителни 500 полицајци беа испратени да им помогнат на 1.800 инаку присутни припадници на силите за одржување на редот на островот, откако демонстрантите запалиле возила и седишта на компании, а ограбувале продавници.

Училиштата се затворени, а во главниот град на сила е полициски час.

„Нема да се толерира насилство“, рече премиерот Габриел Атал, додавајќи дека вонредната состојба ќе овозможи „да се искористат огромни ресурси за да се врати редот“.

Тој подоцна потпиша декрет за прогласување на дванаесетдневна вонредна состојба и најави дека француските војници ќе ги обезбедуваат главните пристаништа и аеродромот во Нова Каледонија.

Властите, исто така, ја забранија апликацијата TikTok, за која владата во Париз вели дека за време на немирите минатото лето „помогнала„ во организирањето на бунтовниците.

Немирите започнаа во понеделникот додека во Франција се расправаше за нацрт-законот со кој на илјадници француски граѓани во јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право да гласаат на покраинските избори. Движењето за независност на Нова Каледонија стравува дека таквата промена ќе резултира со слабеење на политичкото влијание меѓу домородниот народ Канака. Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас „за“ и 153 гласа „против“.

За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички во доживувањето себеси како глобална сила, но и поради наоѓалиштата на никел.

Областа, каде што живеат околу 270.000 жители, доби голема автономија со договорот со властите во главниот град на покраината Номе. Островот се наоѓа на околу 1.200 километри источно од Австралија.

На сите три референдума за независност, одржани во 2018, 2020 и 2021 година, мнозинството жители гласаа да останат дел од Франција. Но, движењето за независност го бојкотираше последното гласање и објави дека нема намера да ги прифати резултатите.

На последниот референдум во декември 2021 година Нова Каледонија со големо мнозинство гласови се изјасни против независноста на референдумот за самопределување, но изјаснувањето го одбележа рекордната воздржаност на гласачите, особено по повикот на сепаратистите на бојкот на гласањето коешто требаше да го означи завршувањето на процесот на деколонизација започнат пред повеќе од 30 години во оваа француска прекуморска територија со специјален статус во југозападниот дел на Тихиот Океан.

Заговорниците на независноста најавија тогаш дека нема да излезат на изборите, со објаснување дека е невозможно да биде организирана „чесна кампања“, имајќи предвид дека островите во тој период беа зафатени со епидемијата на коронавирусот, што според нив го загрози слободното изјаснување.

Повикувајќи на смирување на ситуацијата, Ивон Кона, претседател на собранието надлежно за прашањата кои се однесуваат на обичаите и идентитетот на Канакчаните, автохтони меланезиски жители на Нова Каледонија, тогаш ги замоли „граѓаните Канака и каледонскиските прогресисти со неизлезнот на избирачките места денеска да го одбележат националениот ден на ‘жалост на Канака“.

Повикот на сепаратистите на неизлегување на референдумот речиси целосно беше испочитуван, но бојкотот всушност не одеше во прилог на изгласувањето на независноста. Во тој контекст победата на лојалистите, кои се за останување под пораншените колонилјани владетели беше очекувана.

Сепак, тоа се сметаше за клучен чекор во процесот започнат во 1988 година со ткн Матињонов договор потпишан во истоимениот хотел во Париз, кој го запечати помирувањето меѓу Канаки/ Канака, привите жители на Нова Каледонија и Калдоше, потомци на белите доселеници главно француски, по повегодишните насилства и тензии.

Откако на референдумите во 2018-та и 2020-та беше одбиенно отцепувањето од Франција, во 2021-та 185.000 гласачи уште еднаш требаше да одговорат на прашањето „Дали сакате Нова Каледонија да оствари целосен суверенитет и стане самостојна?“. Во заднината на тоа изјаснување беа сѐ позатегнатите односи меѓу Франција и нејзините сојзуници во регионот. Австралија го разгневи Париз со тоа што го раскина договорот за купување подморници проценет на околу 60 милијарди евра, откако Камбера го склучи новиот воен пакт со САД и Велика Британија познат по кратенката AUKUS.

Аналитичарите сметаат дека поради таквите тензии ја зголемуваат улогата на Кина во регионот, па затоа во пропагандата се инсистираше дека независна Нова Каледонија би можела да биде подложна на влијанието на Пекинг, а мотивацијата за тоа е наводно кинескиот интерес за тамошната рударска индустрија. Кина досега беше најголем увозник на металуршки производи, особено никел, од Нова Каледонија.