Премиер лига: Победи за Манчестер Јунајтед и Челзи

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Челзи победија во последните натпревари од 34.коло на англиската Премиер лига. На „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед го совлада Њукасл со 3:2, а со тоа овие два тима се израмнија бодовно , на седмото и осмото место на табелата.

Манчестер Јунајтед поведе во 31. минута кога Мајно ја погоди мрежата на Њукасл. На почетокот од вториот дел Њукасл израмни со голот на Гордон во 49. минута, но гостите само на кратко имаа реми во џебот. Во 57. минута Диало ги врати домаќините во водство, додека сѐ беше заклучено со голот на Хојлунд во 84. минута. Во 92. Хол го постигна вториот гол за гостите и со тоа само донекаде го „ублажи“ поразот на Њукасл.

Челзи на гостински терен го победи Брајтон со 2:1 и се искачи на шестото место на табелата. Во 34. минута Палмер го доведе домашните во водство, додека во 64. минута Нкунку заврши убава акција на гостите со гол за 2:0. Во 88. минута играчот на Челзи Џејмс „поцрвене“, а Брајтон ја искористи предноста од играч повеќе за погодокот на Велбек во 97. минута. Домаќинот можеше да дојде до бод во самиот финиш, но Челзи некако го задржа минималното водство.