На девизните пазари во четвртокот во претпладневното тргување драстично падна вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути , по извештајот за инфлацијата во САД.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,18 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,05 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 156,35 на 153,80 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0885 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0820 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претладнево зајакна за 0,46 отсто, на 83,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот поскапе за 0,53 отсто, на 79,05 долари.