
Подрачјето на Загреб синоќа го погоди силно невреме проследено со грмежи и силен дожд, а во Горски котор наместа врне снег.
Црвен аларм има во Загреб и пошироката околина, северна Хрватска, Славонија и Барањ, како и на северот на приморјето и Истра, а се предупредува на оркански удари на ветер.
Претпладнево се очекува престанување на врнежите, додека попладне се очекува делумно разведрување, јавуваат хрватските медиуми.
Во останатите подрачја на Хрватска кон средината на денот и попладне се очекува смирување на невремето.