Состојбата на Фицо стабилизирана по операцијата но многу тешка, според директорката на болницата

Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо и натаму е тешко и прерано е да се каже дали ќе закрепне, изјави во четвртокот неговиот заменик на должноста, ден по атентатот кој ја шокираше Европа.

„За жал, сѐ уште не можеме да кажеме дека победуваме во настојувањето да го спасиме животот на Фицо, ниту дека прогнозите се позитивни, бидејќи последиците од ранувањата предизвикани со четирите прострелни рани се такви што одговорот на организмот на нив и натаму ќе биде многу тежок“, рече вицепремиерот Калник.

Миријам Лапуникова, директорка на Универзитетската клиника во Банска-Бистрица, каде што Фицо беше пренесен со хеликоптер по атентатот во Хандлова, изјави дека 59-годишниот премиер бил подвргнат на петчасовна операција којашто ја изведувале два лекарски тима за да се санираат повеќеркатните прострелни рани од огнено оружје.

„Во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, меѓутоа таа е и натаму многу сериозна. Ќе биде задржан и натаму на одделот за интензивна нега“, рече Лапуникова за медиумите.

Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток на прес-конференција изјави дека напаѓачот, кого полицијата засега го товари само за обид за убиство за што може да добие затворска казна од 25 години до доживотна, дејствувал сам според досегашните сознанија, а претходно учествувал на протестите на проевропската опозиција против владата на Фицо.

„Станува збор за таканаречен волк самотник кој неодамна се радикализирал, по периодот на претседателските избори одржани во април“, рече Шутај-Ешток.

На тие победи и покрај очекувањата и надежите во Брисел, победи Петер Пелегрин долгогодишен сојузник на премиерот Роберт Фицо, кому му ја отстапи премиерската должност кога по масовните протести беше принуден да се повлече во 2018 година. Таа победа во ЕУ се сметаше за поттик за словачкиот премиер во политичкиот пресврт кој вклучува придвижување на позициите за поблиска соработка со Русија и планови за реформа на кривичниот законик и јавната телевизија, предизвикувајќи загриженост за наводно слабеење на владеењето на правото во Брисел, политики кои беа водени и против поранешната суверенистичка влада во Полска и кон актуелната во Унгарија.

Осомничениот, 71-годишниот Јурај Цинтула поранешен чувар на трговски центар и автор на три збирки раскази и основач на литературен клуб кого многу брзо во западните медиуми беше опишан како книжевник и член на Друштвото на писателите, како причина за атентатот ги навел политиката на владата на Фицо за реформа на јавниот радиодифузер и распуштањето на Канцеларијата на специјалниот обвинител.

„Запирање на воената помош за Украина, мешање во работата на јавната телевизија, разрешувањето на претседателот на судскиот совет – ова биле причините што ги наведе осомничениот зошто не се согласува со владата и зошто решил да постапува на овој начин и изврши обид за атентат врз претседателот на владата со кој не се согласувал“, рече министерот на прес-конференцијата.

Особено во западните медиуми се инсистира и како прва се издвојува наводната изјава на Цинтула дека причина за атентатот била и владината политика кон Украина. Фицо, имено, во предизборната кампања вети дека Словачка нема веќе да испраќа оружје во Украина на штета на осиромашените свои граѓани, но остави простор тоа да го прават приватните наменски компании.

Изјавата за мотивите на атентаторот се во контекстот на вменски подолго водената кампања водена против Фицо, дека со своите политики предизвикал „поделба и радикализација“ на словачкото општество и можни нарушувања на безбедносната ситуација.

Словачките стручњаци за безбедност од средата веднаш по обидот за убиство на Фицо почнаа со критиките за безбедносните мерки кои биле преземени за физички да се заштити премиерот. Но има и такви, кои изразуваат сомневање дека тие биле намерно недоволни, сугерирајќи за можен поширок заговор за убиство а не само како дејство на изолиран радикализиран поединец.

„Самиот Фицо пред неколку седмици зборуваше за опасности од пукање врз политичари“, изјави во четвртокот поранешниот шеф на словачката полиција Штефан Хамран за врсникот Dennik N, кој има инаку централа во соседна Чешка и водеше жестока кампања против новата влада.

Хамран прашува кој ја анализирал потенцијалната опасност и го проценувал ризикот, а ја критикува и реакцијата на телохранителите пред и веднаш по истрелите.

„Таму настана хаос, тоа беше веднаш очигледни и беше целосно промашување“, вели поранешниот прв човек на словачката полиција.

И поранешниот челник на единицата за обезбедување на штитени лица Јурај Забојник ги критикува телохранителите на премиерот Фицо.

„Доколку некој може да истрела четири до пет куршуми, тоа значи дека некој е виновен“, рече во програмата на информативната телевизија ТАЗ. Истакна дека не забележал оти некој од телохранителите во моментот на пукањето стоел пред Фицо, што е најнормална практика.