
Министрите за надворешни работи на 13 земји го предупредија Израел во писмо против сеопфатна воена офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, се наведува во извештајот на медиумите. Сите шефови на дипломатиите од земјите од групата Г7 на големите индустријализирани земји го потпишал писмото на четири страници, со исклучок на Соединетите држави.
Германскиот весник Süddeutsche Zeitung во своето петочно издание објави дека потписниците, исто така, повикале на поголема помош за палестинското население.
Во писмото до израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, министрите го истакнауваат правото на Израел на самоодбрана и ги осудуваат терористичките напади на 7-ми октомври од страна на Хамас и другите исламистички групи. Истовремено, тие ја повикаа владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи сѐ што е во нејзина моќ за да ја ублажи катастрофалната и влошена хуманитарна криза во Појасот Газа.
Според извештајот на Süddeutsche Zeitung, тие, исто така, го повикале Израел да ги отвори сите гранични премини во крајбрежната зона за испорака на помош, вклучувајќи го и преминот Рафах со Египет.
Пред нешто повеќе од една седмица, израелската армија напредуваше од исток кон Рафах и покрај силните меѓународни предупредувања. Оттогаш, армијата го контролира и палестинскиот дел од граничниот премин од Газа кон Египет. Важниот граничен премин оттогаш е затворен за хуманитарна помош. Израел и Египет меѓусебно се обвинуваат за ова.
Писмото го потпишале министрите за надворешни работи на земјите од Г7 – Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и Канада, како и нивните колеги од Австралија, Данска, Финска, Холандија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Шведска.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант во четвртокот најави распоредување дополнителни трупи во Рафах. Таму веќе се погодени стотици цели и уништени се неколку тунели, соопшти израелската армија.
Според Обединетите нации, околу 600.000 луѓе веќе го напуштиле градот на границата со Египет. До пред една седмица, во Рафах, кој пред војната боеше околу 300.000 жители, се засолнија околу 1,5 милиони луѓе или повеќе од половината од 2,4-милионското население на Појасот Газа кои побегна пред израелската разорна офанзива во северниот и централниот дел на малата енклава.