Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.
Несреќата се случила попладнево во 18.30 часот во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“.
На терен се екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.
Во 18 часот и 42 минути било добиено известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за судирот на патничкиот и товарниот воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, во кој нема жртви е човечки фактор.
Српскиот министер за за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека 13 патници се повредени, од кои четворица се пренесени во Ургентниот центар.
„Гарнитурата на Беовоз помина низ заштитното светло и удри во товарниот воз кој чекаше дозвола да се движи кон станицата Овча“, изјави Весиќ.
Дачиќ пред новинарите изјави дека во несреќи како оваа често има жртви и дека е вистинска среќа што во денешниот судар нема загинати и сите патници се симнале од возот.