Ноќта кон саботата, околу 1 часот по полноќ во СВР Битола било пријавено дека на улицата „8-ми Септември“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот З.Г. од селото Долно Српци, битолско, и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот Б.К. од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.К., констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.