Израелските воени пешадиски единици и тенкови во саботата навлегоа подлабоко во делови од северниот округ на Појасот Газа што претходно ги заобиколија во досегашната седуммесечната војнаа, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, изјавија жители и медицински персонал.
Израелските воени сили заземале и некои области на Рафах, јужен град долж границата со Египет, во кој во моментов се речиси 1,5 милиони жители или повеќе од половината од вкупното 2,4-милионско населени на разорениот Појасот Газа.
Израел повторно нападна делови од северна Газа овој месец, иако во јануари прогласи крај на големите операции во овој сектор од тесната крајбрежна енклава. Истовремено, израелските сили најавија дека ќе се вратат таму за да спречат прегрупирање на палестинското исламистичко движење кое владее со Газа.
Едно од нападнатите места е Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа. Во саботата војници и тенкови навлегле на улиците на кампот, кој досега беше поштеден од копнена офанзива, пренесува Reuters повикувајќи се на тамшните жители. Според изјавите на лекарите, во еден израелски напад загинале 15 Палестинци, а десетици биле ранети.
Министерството за здравство и цивилните служби за вонредни состојби во Газа известија дека нивните тимови примиле десетици повици за можни жртви, но не можеле да ја потврдат информацијата поради тековната копнена офанзива и воздушно бомбардирање.
„Денеска е најтешко, кога има бомбардирање, воздушни напади и гранатирање од тенкови затоа што се оди речиси без престан“, напиша на апликацијата за чет еден од жителите на Џабалија, Ибрахим Калед. „Знаеме дека десетици луѓе се убиени и ранети, но ниту една брза помош не може да влезе во областа“, изјавил тој за Reuters.
Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучувајќи ги Џабалија и Рафах, како дел од, како што наведова од „прецизните операции против терористите и инфраструктурата“.