Неколку часа пред почетокот на третиот натпревар од финалето на плејофот на регионалната АБА лига меѓу Партизан и Црвена ѕвезда, се случи инцидент на тренинг. Како што пишуваат српските медиуми, инцидентот се случил во белградската „Арена“ во моментот кога екипите се менувале на тренингот.
Во еден момент дошло до вербален конфликт меѓу кошаркарот на американскиот Партизан, Џејмс Нанали и играчот на Ѕвезда, Стефан Лазаревиќ, по што Нанали го удрил Лазаревиќ со тупаница во главата.
Заедно со официјалното соопштение, Ѕвезда објави и фотографии од Лазаревиќ на кои се гледаат исеченици и модринки на лицето.
„Црвена ѕвезда најостро го осудува овој чин, а поради сериозноста на повредата ја очекуваме реакцијата на Министерството за внатрешни работи кое во овој момент зема изјави и води истрага, но и на правосудните органи и судовите бидејќи овој чин е се третира како предизвикување тешка телесна повреда според Кривичниот законик на Република Србија“, се наведува во соопштението.
Црвена ѕвезда поднесе дисциплинска пријава до надлежните органи на АБА-лигата, до спортскиот директор Милија Војиновиќ, како и до дисциплинскиот судија и другите органи на лигата.
„Очекуваме играчот на Партизан Џејмс Нанали да биде суспендиран и привремено отстранет од натпреварувањето“, се вели во соопштението.
Раководството на АБА лигата во своето соопштение истакна дека е запознаено за инцидентот и испрати дисциплински судија во Белград, но не се чувствува компетентно бидејќи инцидентот се случил надвор од теренот.
Црвена ѕвезда води со 2-0 во серијата до три победи. Третиот натпревар е закажан вечерва од 20 часот и 30 минути во белградска „Арена“ каде домаќин е Партизан.
Naneli i Lazarević, evo kako je to bilo. Mišljenja?#kkp #kkcz pic.twitter.com/SRbNzqL4El
— Glengeri kontakti (@FuckinDeadbeat) May 19, 2024
Овде можемо видети да је Лазаревић желео да вербално реши сукоб, а онда знамо шта је уследило. #kkcz pic.twitter.com/zPiMEtaoXv
— 🇷🇸 (@zvezdamijesve_) May 19, 2024
Nate mi sejemo mrznju #kkcz pic.twitter.com/1IGfD1DvDT
— Dujan (@DujaOrlic) May 16, 2024