Новата седмица ќе започне со променливо облачно време и повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места во земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Утринските температури се движат од 10 до 16, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 21 и 27 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува променливо облачно облачно време со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Темпертурата ќе достигне до 26 степени.