Приведен е маж од Кавадарци кој му се заканувал на градоначалникот Митко Јанчев.
„Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, гласи официјалната информација од СВР Велес.
Заканите биле упатени во угостителски објект.