На поранешниот претседател на Јужноафриканската Република, 82-годишниот Џејкоб Гедлејихклеиска Зумаа му е забрането да се кандидира на парламентарните избори овој месец, одлучи во понеделникот највисокиот суд во земјата, со одлука, како што пишува Reuters, којашто може да влијае на исходот од изборите и да предизвика протести кај поддржувачите на Зума.
Уставниот суд пресуди дека 15-месечната казна за непочитување на судот од 2021 година го дисквалификува Зума од можноста да се кандидира на изборите на 29-ти мај, со оглед на тоа што уставот му забранува да се кандидира на секој што отслужил една година или повеќе затвор.
„Се прогласува дека Зума, бидејќи е осуден за кривично дело и осуден на затворска казна во траење од над 12 месеци, не може да биде член и не може да се кандидира за избор во Националното собрание“, се вели во пресудата.
Зума, кој стана претседател во 2009 година а поднесе оставка на олжноста во 2018 година на неговата партија по обинувањата за корупција, изнуда и перење пари, ги прекина врските со владејачкиот Африкански национален конгрес (ANC) и води кампања за нова партија МК, именувана по поранешното вооружено крило на ANC од пеиодот на апартхејдот.
Генералниот секретар на МК, Сихле Нгубане, изјави дека пресудата не влијае на неговата кампања и додаде дека водството на партијата ќе се состане и ќе ја преземе функцијата од Зума.
Анкетите покажуваат дека ANC се соочува со криза по 30 години на власт, при што МК претставува закана за нивното владеење, особено во провинцијата КваЗулу-Натал, од каде што потекнува Зума и каде натаму е популарен.
Во 2021 година, затворањето на Зума беше поттик за немири во провинцијата КваЗулу-Натал, кога повеќе од 300 луѓе ги загубија животите.
„Во Јужна Африка имаме владеење на правото… Штом уставниот суд донесе одлука, тоа е тоа и доколку има какви било закани за насилство, нашите безбедносни сили се подготвени“, рече претседателот Сирил Рамафоса.
Западните политички аналитичари, сепак, сметаат дека не треба да се исклучи можноста за немири предизвикани од поддржувачите на Зума во земјата којашто е членка на БРИКС, тесно соработува со Русија и Кина, а Јужноафриканската Република лани покрена случај пред Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) со обвинение дека Израел врши геноцид врз палестинскиот народ во својата војна како што тврди против милитантната група Хамас во Газа