САД изразија сочувство за смртта на иранскиот претседател

Соединетите држави испратија „официјално сочувство“ во понеделникот поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и други официјални лица во хеликоптерска несреќа, соопшти Стејт департментот.

„Додека Иран избира нов претседател, ние ја потврдуваме нашата поддршка за иранскиот народ и неговата борба за човекови права и основни слободи“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во понеделникот изјави дека нема увид во причината за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси, додавајќи дека не гледа неопходно на пошироко влијание на овој настанот врз регионалната безбедност.

„Не можам да шпекулирам за тоа што би можело да биде причината“, им рече Остин на новинарите во врска со падот на хелокоптерот со иранскиот претседател и шефот на иранската дипломатија.

Американскиот Стејт департмент додаде дека САД ќе „продолжат да се спротивставуваат на поддршката на Иран на тероризмот, ширењето на опасно оружје и унапредувањето на неговата нуклеарна програма“.