Германија изрази жалење што одлуката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС- ICC) да бара налози за апсење против израелскиот премиери неговиот министер за одбрана, како и за тројца лидери на Хамас остава „лажен впечаток за еднаквост“ меѓу овие функционери.
„Истовременото барање за потерница против лидерите на Хамас, од една страна, и против двајца израелски функционери, од друга страна, даде лажен впечаток за еднаквост“, се вели во соопштението на германското Министерство за надворешни работи во кое се изразува почит кон „независност“ на МКС.
Берлин додава дека судот со седиште во Хаг „ќе мора да оцени многу различни факти“, по барањето на обвинителот.
„Водачите на Хамас се одговорни за варварскиот масакр за време на кој мажи, жени и деца беа брутално убиени, силувани и киднапирани во Израел на 7 октомври, Хамас продолжува да држи израелски заложници во неискажливи услови, да го напаѓа Израел со ракети и да го користи цивилното население во Газа како човечки штитови“, се наведува во соопштенито на Барлин што е речиси идентично со изјавите по истиот повод дададен од САД и од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Соочена со тоа, „израелската влада има право и должност да го заштити и брани своето население од овие дејствија“, додава Министерството, кое наведува дека „меѓународното хуманитарно право и сите негови обврски мора да се применуваат во овој поглед“.
Во осмиот месец од војната во Појасот Газа, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан во понеделникот побара налози за апсење на Бенјамин Нетанјаху и министерот Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно гладување на цивили“, „намерно убиство“ и „истребување и/или убиство“.
Обвиненијата против лидерите на Хамас, вклучувајќи го и неговиот водач во Газа, Јахја Синуар, вклучуваат „истребување“, „силување и други форми на сексуално насилство“ и „земање заложници како воено злосторство“, според агенцијата AFP.
„На судиите на МКС е да го испитаат ова барање. Судот ќе мора да одговори на голем број тешки прашања, вклучувајќи го и прашањето за неговата јурисдикција и комплементарноста на истрагите на соодветните правни држави, како што е Израел“, смета Берлин, бидејќи Израел не е држава членка на МКС.