Околу 150 земјотреси ја погодија областа на Неапол

Речиси 150 земјотреси, најсилните во последните 40 години, беа регистрирани во понеделникот вечерта и вторникот наутро во Флегрејските полиња во близина на Неапол во јужна Италија, кои не направија голема штета но посеаја паника кај населението, известија надлежните.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV). INGV забележал десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19,50 часот во понеделникот.

Според Мауро Ди Вито од INGV „ова е најсилната серија земјотреси во последните 40 години“.

На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на теренот на продавниците во општината Позуоли во областа на Флегрејските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Земјотресот беше јасно почувствуван и во Неапол, вклучително и пристаништето.

Училиштата ќе останат затворени во вторник во Поѕуоли, каде што се отворени сместувачките центри и се поставени шатори на паркинг и плоштад покрај морето за да се сместат паничните жители, објави на Facebook градоначалникот Луиџи Манцони. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле пукнатини во куќите и делови кои паднале од фасадите на зградите.

Флегранските полиња се засенети од блиската планина Везув, чија ерупција ја збришала Помпеја од картата во 79 година од нашата ера.

Локалните жители и научниците се загрижени за оживување на активноста поради гасовите што се испуштаат од магмата што вршат притисок врз површината што предизвикува пукање на земјата.

„Мораме да живееме со постојан страв. Колку долго зградите ќе можат да ги издржат сите овие удари, тоа е она што се прашуваме, бидејќи тие не се изградени за да претрпат толку голем шок“, сведочеше жител на Поѕуоли на јавниот канал Rainews..

„Земјата продолжува да расте со брзина од два сантиметри месечно, што е повисока стапка од минатата година, и се чини дека за жал ќе продолжи“, процени вулканологот Мауро Ди Вито на Canale 21.

Според експертите, сепак, сценариото за катастрофа, односно исфрлање лава, пепел и камења, е малку веројатно во блиска иднина.

Флегрејските полиња веќе извесно време се погодени од многу помали земјотреси. Главно, тоа се мали и тешко забележливи потреси кои ја ослабуваат земјината кора на тој простор. Истражувачите постојано предупредуваат за овој феномен.

Веќе 11 години, ниво жолта тревога е во сила за областа, која повикува на претпазливост.