Хируршките сали во Клиничкиот центар повторно се враќаат во употреба. Проблемот со компримираниот воздух е надминат и сервисирањето е успешно завршено, потврдија попладнево од Министерството за здравство за МИА.
– Ниту еден итен пациент овие два дена не беше оставен без здравствена заштита. За итни интервенции пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември”, нагласуваат од Министерството за здравство.