Измамена 75-годишна жена од Кочани за сума од околу 4.000 евра

 Во Одделението за внатрешни работи Кочани, 75 – годишна жена од Кочани синоќа пријавила дека била измамена од едно лице, соопшти МВР.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра.