Коалицијата ВРЕДИ како дел од новата Влада ќе управува со 5 министерства, а ќе ги добие и функциите прв вицепремиер и вицепремиер за евроинтеграции.
Како што дознава ИНА од извори на коалицијата ВРЕДИ, ова ќе бидат министерствата во новата Влада:
1. Министерство за политички систем и заедници (Алтернатива);
2. Министерство за здравство (Алтернатива)
3. Министерство за економија (Движење БЕСА)
4. Министерство за труд и социјална политика (Движење БЕСА)
5. Министерство за екологија (Демократско движење)
6. Министер без ресор (Алијанса за Албанците)
Прв вицепремиер (Демократско движење)
Вицепремиер за европски интеграции (Алијанса за Албанците).
Според досегашните сознанија, уште не е договорено кому ќе му припадне функцијата претседател на Собранието на Македонија. Вреди сака да ја добие и оваа функција, како континуитет на праксата Албанец да ја има една од трите клучни државни функции. Се спомнуваше името на лидерот на крилото на Алијанса за Албанците кое е дел од коалицијата, но поизвесно е тоа да биде лидерот на Алтернатива. Засега од ВМРО-ДПМНЕ анализираат дали и оваа државна функција да биде дел од договорот.