Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот во Нова Каледонија изјави дека ќе ги одложи изборните реформи кои предизвикаа смртоносни немири на пацидичкиот островот под француска власт.
Немирите започнаа поради новата мерка усвоена од парламентот во Париз во вторникот, со која им се дозволува на француските граѓани со повеќе од десет години престој во Нова Каледонија да гласаат на локалните избори и референдуми за осамостојување. Некои од локалните лидери стравуваат дека тоа може да го загрози гласот на домородните Канаци на островот кој се наоѓа на околу 1.500 километри источно од Австралија.
За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички во доживувањето себеси како глобална сила, но и поради наоѓалиштата на никел. Поради тоа, бројот на припадвиците на полицијата и жандармеријата на островот под француско управување се зголеми од 1.700 на 2.700.
Говорејќи во главниот град Нуме по средбата со локалните политички лидери, Макрон рече дека неговата крајна цел останува да го види усвојувањето на предложениот закон, но само доколку се постигне мир на островот и се постигне поширок консензус за иднината на островот.
„Јас сум посветен да осигурам дека оваа реформа не се спроведува со сила“, рече Макрон.
Најмалку шест лица загинаа во повеќе од една седмица протести поради парискиот план со кој право на глас би добиле илјадници француски граѓани кои живеат во Нова Каледонија повеќе од десет години.
Франција тврди дека мерката е неопходна за да се подобри демократскиот процес на островот, каде што речиси четвртина од населението е од европско потекло. Водачите на домородниот народ Канак веруваат дека овој закон ќе го ослабне нивниот глас и ќе им го отежне одржувањето на референдумот за независност во иднина.
Макрон, кој пристигна на островот рано во четвртокот, рече дека неговата главна цел е да го врати мирот, да ја врати контролата врз областите погодени од насилство и да започне политички дијалог. Вонредната состојба ќе биде укината кога ќе се отстранат блокадите на патиштата, рече тој. Најави дека за еден месец ќе ја процени состојбата и ќе донесе одлуки за понатамошните чекори.
Макрон смета дека изборната реформа има „демократски легитимитет“ бидејќи ја изгласаа претставниците во Париз и дека нема сомнеж за легитимноста на референдумот во 2021 година на кој мнозинството од населението гласаше против независноста. Партиите за независност го бојкотираа гласањето, како и многу луѓе од Канак, наведувајќи ја пандемијата „ковид-19“ и други причини.
Областа, каде што живеат околу 270.000 жители, доби голема автономија со договорот со властите во главниот град на покраината Номе. Островот се наоѓа на околу 1.200 километри источно од Австралија.
На сите три референдума за независност, одржани во 2018, 2020 и 2021 година, мнозинството жители гласаа да останат дел од Франција. Но, движењето за независност го бојкотираше последното гласање и објави дека нема намера да ги прифати резултатите.
На последниот референдум во декември 2021 година Нова Каледонија со големо мнозинство гласови се изјасни против независноста на референдумот за самопределување, но изјаснувањето го одбележа рекордната воздржаност на гласачите, особено по повикот на сепаратистите на бојкот на гласањето коешто требаше да го означи завршувањето на процесот на деколонизација започнат пред повеќе од 30 години во оваа француска прекуморска територија со специјален статус во југозападниот дел на Тихиот Океан.
Заговорниците на независноста најавија тогаш дека нема да излезат на изборите, со објаснување дека е невозможно да биде организирана „чесна кампања“, имајќи предвид дека островите во тој период беа зафатени со епидемијата на коронавирусот, што според нив го загрози слободното изјаснување.
Повикувајќи на смирување на ситуацијата, Ивон Кона, претседател на собранието надлежно за прашањата кои се однесуваат на обичаите и идентитетот на Канакчаните, автохтони меланезиски жители на Нова Каледонија, тогаш ги замоли „граѓаните Канака и каледонскиските прогресисти со неизлезнот на избирачките места денеска да го одбележат националениот ден на ‘жалост на Канака“.
Повикот на сепаратистите на неизлегување на референдумот речиси целосно беше испочитуван, но бојкотот всушност не одеше во прилог на изгласувањето на независноста. Во тој контекст победата на лојалистите, кои се за останување под пораншените колонилјани владетели беше очекувана.
Сепак, тоа се сметаше за клучен чекор во процесот започнат во 1988 година со ткн Матињонов договор потпишан во истоимениот хотел во Париз, кој го запечати помирувањето меѓу Канаки/ Канака, привите жители на Нова Каледонија и Калдоше, потомци на белите доселеници главно француски, по повегодишните насилства и тензии.
Откако на референдумите во 2018-та и 2020-та беше одбиенно отцепувањето од Франција, во 2021-та 185.000 гласачи уште еднаш требаше да одговорат на прашањето „Дали сакате Нова Каледонија да оствари целосен суверенитет и стане самостојна?“. Во заднината на тоа изјаснување беа сѐ позатегнатите односи меѓу Франција и нејзините сојзуници во регионот. Австралија го разгневи Париз со тоа што го раскина договорот за купување подморници проценет на околу 60 милијарди евра, откако Камбера го склучи новиот воен пакт со САД и Велика Британија познат по кратенката AUKUS.
Аналитичарите сметаат дека поради таквите тензии ја зголемуваат улогата на Кина во регионот, па затоа во пропагандата се инсистираше дека независна Нова Каледонија би можела да биде подложна на влијанието на Пекинг, а мотивацијата за тоа е наводно кинескиот интерес за тамошната рударска индустрија. Кина досега беше најголем увозник на металуршки производи, особено никел, од Нова Каледонија.