Минатата ноќ беше релативно мирна во Нова Каледонија, откако францускиот претседател Емануел Макрон го посети францускиот остров во Пацификот по повеќе од една недела немири, соопштија денеска локалните власти.
Според француски медиуми, утринава полицијата отстранила околу 100 барикади поставени од демонстрантите на патиштата.
Француската висока комисија задолжена за безбедноста на островот соопшти дека биле распоредени околу 3.000 полицајци и дека досега биле уапсени вкупно 350 лица поради предизвикување немири.