
Малолетник бил претепан од неколку лица пред околу еден час во автобус на ЈСП со број 2 на булеварот „Партизански одреди“.
Момчето побарало помош во Ургентниот центар.Има повреди во пределот на главата, но е во свесна состојба.
Од МВР го потврдуваат случајот и велат дека повеќе детали за инцидентот ќе има во текот на денот.