Конечно, започна снимањето на еден од најочекуваните филмови.
Тие ќе ја овековечат љубовта помеѓу сексипилниот, лудиот и неверојанто моќен Кристијан Греј кој манипулира, но и дозволува да биде освоен од невиноста на младата вљубеничка во книженовста, Анастасија „Ана“ Стил.
Првата снимена сцена е заедничкото кафе на протагонистите, од каде и почнува љубовно-еротската драма.
На филмската екипа ќе им се придружи и 23-годишната пејачка Рита Ора која ќе ја толкува улогата на посвоената сестра на милијардерот Кристијан Греј. Тоа ќе биде трета филмска улога за младата пејачка.
Дорнан е најпознат по улогата во серијата „некогаш, многу одамна“, а се има појавено и во филмот на Софија Копола „Марија Антоанета“. Меѓутоа најпознат е по кампањата за долна облека на Келвин Клајн.
Британската режисерка Сем Тејлор Џонс ќе го режира филмот чија премиера е закажана за 14 февруари 2015 година.