
Албанската граница да се протега од црногорски Улцин до грчкиот Рт Стилос, бара албанскиот политичар Кочо Данај, предводник на листата „За природна Албанија“.
Во изјава доставена до црногорски весник Данај вели дека треба да се елиминираат вештачки создадените граници меѓу Албанците на Балканот.
– „Природна Албанија“ е прогресивна европска идеја. Додека е обединувањето на Албанците гаранција за стабилноста на Европа, како приврзаници на „Природна Европа“ одбиваме да се откажеме од нашата замисла во име на празни пароли кои секогаш ни се нудени – изјавил Данај.
Тој нагласува дека албанскиот народ е неправилно поделен и дека неговите припадници сега живеат во повеќе држави, со што се намалуваат потенцијалите за развој и напредок.