СДСМ-неолиберален фашизам

Како изгледа неолиберален фашизам од СДСМ?

Јавно ја повикувам новата владина коалиција да даде целосна поддршка на нас обичните граѓани да си ги оствариме своите елементарни човекови права со тоа што ќе им дозволи на сите градоначалници и советници во советите да склучат договор со сите ловечки друштва и да извршат елиминација на глутниците улични кучиња, кои се шетаат по нашите градови и се директна закана по животите на нашите најмили. Минатата среда во Карпош 1 на само 50 метри од градинката и основното училиште имаше ваква глутница од 34 кучиња и тоа во период кога децата одат на настава. Својот поход го продолжија кон пекарата „Силбо“ во Општина Центар. Доколку некој упорно мисли дека мора да ги слуша оние од Анима Мунди слободно можам заедно да им организирам на нивните најблиски, спортски активности во ЗОО и тоа кај базенот на нилскиот коњ или кај тигарот и лавовите. Е сега, ако овие преубави и мили животни се некогаш нервозни, јас не сум крив. Девизата на новата владина коалиција мора да биде: „Животот на човекот е пред сите други“.

Оваа колумна мора вака да почне. Неолиберален фашизам е кога владејачката структрура ја претвора државата како НВО и сите одговорности им ги префрла ним, а во исто време ја прави нефункционална целата администрација. СДСМ се шампиони на светско и интергалактичко ниво во спроведување на оваа акција која ни ја нарекуваат демократија.

Навистина ми е премногу жал за една државотворна партија која е наследник на СКМ и има 80 годишен стаж да започне да се потпира на личности кои се возбудуваат не на вистинскиот, туку на гнилиот „граѓански сектор“, кој има силни политичко-финансиски интереси. Јас како Виктор ги повикувам оние нормалните во СДСМ кои можат сериозно да размислуваат, да започнат сериозно да делуваат.

Како тоа изгледа во моите очи. Пред многу години еден заеднички мој и на Сања Лукаревска другар, за жал починат (Богдан Матиќ – Боце Шпон, таков другар ретко се раѓа), ќе ми каже Сања не само што е убава вака, туку е убава како човек. За разлика од нејзе, што човек да каже за Боки „Теписонче“ Маричиќ. Да потсетам, татко му Обвинител нарачал теписон од двајца приправници (едниот е премногу познат на нашата јавност), а работеле во адвокатската канцеларија кај Тони Апостолски, за да им заврши работа во судски процес. И сега овој лик сака да биде претседател на ДИК и тоа од СДСМ. Затоа ги замолувам сериозно воспитаните: Сања, Јово, Стево, Славјанка, Шема итн. да се освестат кого се примаат во една политичка институција. Овој „Буцика“ уште не му е јасно што значи онаа легендарна од К-15 изрека: „ДИК трејси ин колд вотер“.

Оние кои не беа воспитани како Стефан Богоев се воодушевуваа на Боки 13 (Тредичи) и мислеа дека со него влегле во сржта на европските вредности. Впрочем они беа заедно во сите скаламуции (здружен финансиски криминоген потфат) кој изгледа вака – Тредичи потпишуе преддоговор у стотици илјади евра на основ на меморандум за соработка со Општина Карпош (Стефан Богоев- Богац), а овој вториов потпишуе меморандум (поранешен гувернер се има колнето дека тоа е формула за перење пари) и на крај договор. Дополнителни инфо во јуни месец. Да се крчка „Богац“, да ми се нервира и јавува кај мој блиски. Ама џабе. Јас веќе сум средовечен, ама сум стара чекалица.

Боки 13 (Тредичи) е соучесник на неолибералниот фашизам на СДСМ во 2017-та година, а не само организатор како што сакаат да го претстават. Скоро сите се вмешани и организатори. Освен Петре Шилегов кој е злоупотребен, Заев и Рада би морало да објаснат посериозно.

Неолибералниот фашизам договорен со демек екологисти и медиумски професионалци ни ги донесе следниве реалности:

Рудникот Казандол

Казната, која мора да ја платиме, за одземање на концесијата и стопирање на работата на овој рудник, Македонија ќе ја чини 450 милиони евра. Ова го знаат сите макроекономски аналитичари. И се поставува едно прашање:

Кој ова ќе го плати? Народот?

Мојот одговор е комплексен. Да, народот ако повторно имаме будали политичари кои би продолжиле во стилот на неолибералниот фашизам. Не, доколку новата влада понуди коцепт различен од неолибералниот фашизам на СДСМ и неговите следбеници.

Следбениците за затворањето на овој рудник, инаку следбеници за економско разнебитување на Македонија, се знаат. Перо Костадиновски за да добие мандат за градоначалник во Валандово за да се фали низ маало и мајка му да вика браво синко алал да ти е.

Е, втората личност е поопасна. Она е ќерка на кодошот на Драган Богдановски и една од оние со нејзе припрости пратенички кои прогласија победа со затворањето на Рудникот Казандол. Досието кое ми е во рака вели:

РСВР-СРМ

СДБ- II сектор

Извор: XXXX Тате на пратеничката

Опер. Раб. Блаже Попристов

Скопје 13 Декември 1969 година итн

Дел од досието: „По мој диктат… за нив претставува голем авторитет, Богдановски… со тоа што оствариле контакт со една ваква личност… би можел силно да влијае врз натомошната активност на ОКМ… по Нова Година заминува за СССР и ќе ја продолжи преписката и писмата ќе ни ги препратува нам“.

Јавно соопштувам дека поради Мане Јаковлвски, кој ме заколна дека Македонија е многу поголема од овие кодоши нема никогаш јавно да го објавам досието.

Медиумска политика

И додека неолибералните фашистички слуги на СДСМ, кои се нарекуваат медиумски професионални организации и ве лажат дека сме на 36-то место по слобода на медиуми, да ве просветлам:

  1. Имаме агенција за медиуми која функционира со истечени мандати повеке од 4 години (единствени во Европа);
  2. Дали, Директорот на Агенцијата за медиуми уште незнае дека јас можеби знам како ги врќал клучевите од ЕМО_Охрид во некогашно ПУИК и мисли дека е недопирлив?;
  3. Дали, јас ги знам кодошите на Ленче Ристовска во предистажната постапка на корумпираното СЈО каде главна цел беа функционери тогашни и сегашни на ВМРО-ДПМНЕ;
  4. По однос на развој на бизнисот во медиуми сме на последно место во светот;
  5. Немаме музичка телевизија и го затворивме единственото радио на народна музика во Скопје – „Радио Рос“;
  6. Го уништивме спортското новинарство во Македонија и спротивно на устав се коментира на српско-хрватски јазик;

Наместо да дозволам да го распарчат морално и криминогено, Младен Чадиковски за неговите екскурзии со тутунската индустрија и други негови „дилови“ за влијание врз јавноста, он се осмелува да се подбива со мене. Другар Младен следбеник на неолибералниот фашизам на СДСМ, атерот на Дарко, Флора, Мишко, Столе, Ѓоре, Киш итн. заврши.

Сега сме заедно на ветрометина.

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес