Украдени таблички на уште едно македонско возило во Грција

Уште еден случај на украдени таблички на возило на македонски државјанин во Грција е пријавено во неделата на граничниот премин „Богородица“.

Случајот е пријавен од страна на лицето М.Н.Е. од Скопје во чија сопственост е возилото на кое е одземена предната регистерска табличка.

Кражбата се случила во Солун.

Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција.

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува петнаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.