The Times: Руски агенти инфилтрирани во обезбедувањето на Зеленски правеле заговор за убиство на шефот на украинското воено разузнавање

Весникот The Times тврди, повикувајќи се на на извори во украинското контрарзузанвање, дела Киев усеал да спречи заговор организиран да се убие шефот на Главната управа за разузнавачка (ГУР) при украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданови.

На почетокот од мај СБУ извести за апсењето на двајца полковници од Управата за обезбедување, осомничени дека подготвувале атентат врз претседателот Зеленски. Според украинскиото разузнавање, плановите на осомничените вклучувале следење на движењето на Зеленски и на други високи украински фунцкионери. Тогаш беше истакнато дека меѓу следените биле и Буданов и шефот на СБУ, Василиј Малјук. Според овие информации, наводните руски агенти требало да насочат ракетен напад кон целта и, доколку е потребно, даупотребат и дрон-камиказе.

Според наводите на весникот, „руските агенти планирале да го убијат генерал-полковникот Буданов во напар со проектили и беспилотни летала“ на 4-ти мај. Според истиот извори, разузнавањето Службата за безбедност на Украина (СБУ) неколку емсеци ги следечла трите лица кои наводно стојат зад планот за атентат врз Буданов.

„Беше 4-ти мај, пет дена пред Русија да го прослави својот национален празник Денот на победата, кога тој постави центар за контрола на беспилотни летала во подрум во регионот на Киев. Веднаш штом се нашол во позиција, управувачот му ја кажал својата цел. ‘Кога ќе видите како пристигнува конвој со црн Toyota Land Cruiser и црн минибус – кажете ги нивните координати“, ги цитира весникот наводните наредби што ги добил еден од наводните потенцијални извршители.

The Times посочува дека описот на конвојот во наводната наредба одговора на оној со кој се движи Буданов „агресивниот млад шеф украинското воено разузнавање.. кој ги надгледуваше нападите врз високи руски команданти, пропагандисти и соработници и во Русија и на окупираната украинска територија“.

Како што се сугерира во написот на The Times, осомничените донеле во Киев минифлрачи, противпешадиска мина „МОН-90“, како и дрон-камиказе. Во написот, без конкретна потврда, се наведува и дека осомничените уапсни од припадниците на украинските специјални служби наводно веќе ја признале вината.

Во написот се истакнува дека двајца полковници од обезбедувањето на претседателот Володомир Зеленски го планирале убиството на Буданов со дронови и удар со проектил. Се истакнува дека уапсените требало всушност да пренесат информации за движењето на конвојот на шефот на ГУР за тој да биде погоден со балистичка ракета. Како што порано беше објавено од СБУ, двајцата полковници биле поврзани со тајните служби на Русија, но досега не се објавени докази.

„Русите планираа да лансираат балистичка ракета на тие координати додека операторот на беспилотни летала бил во неговото засолниште, по што тој морал да го лансира својот дрон, да ги сними последиците од нападот за неговите наредбодавачи и да изврши удар со дрон со граната на секој кој преживеал или дошол да помогне“, вели за The Times неименуван високопозициониран украински контраразузнавач.

Според него, дваесет минути подоцна, Русите требало да нападнат со втора балистичка ракета во напад со „двоен контакт“ дизајниран за уништување на припадници на службите за итни случаи и да ги прикрие доказите за нападот со беспилотно летало. Објаснил дека руските шпиони се инфилтрирале во горните ешалони на безбедносните структури на претседателот Зеленски во обид да се обезглави раководството на Киев, а во продолжение наведува дека откако со месеци ги следеле двајцата полковници во контакти со трето лице со софистицирана техника и како го организирале нивното апсење и ги пронашле средствата со кои требало да биде изведен нападот.