Папата Франциск употреби вулгарен збор за ЛГБТ лицата, пишуваат италијанските медиуми

Поглаварто на Римокатоличката црква, папата Франциск употребил многу погрден термин за ЛГБТ заедницата, додека на состанокот зад затворени врати со италијанските бискупи повторил дека не треба да им се дозволи на хомосексуалците да станат свештеници, објавија италијанските медиуми во понеделникот.

Весници La Repubblica и Corriere della Sera, италијанските дневни гласила со најголеми тиражи, го цитираа папата како наводно рекол дека семинариите веќе биле полни со „frociaggina“, вулгарен италијански термин грубо преведен како „педер“.

Ватикан не одговори на барањето за коментар од мноштвото медиуми.

La Repubblica ја припишува својата сторија на неколку неименувани извори, додека Corriere наведува дека сторијата била потврдена од неколку неименувани бискупи кои сугерирале дека папата, како Аргентинец, можеби не сфатил дека италијанскиот термин што го употребил е навредлив.

Веб-страницата за политички трачеви Dagospia беше првата што извести за инцидентот, кој наводно се случил на 20-ти мај кога на конференцијата на италијанските бискупи беше отворено четиридневно собрание со затоврен состанок со папата.

Осумдесет иседумгодишниот папа Франциск досега имаше поотворен пристап кон ЛГБТ заедницата. На почетокот на неговото папство во 2013 година, тој рече: „Ако некој е геј и го бара Бога и има добра волја, кој сум јас да судам?“, додека минатата година им дозволи на свештениците да благословуваат членови на истополови двојки, предизвикувајќи значителна конзервативна реакција.

Од друга страна, на состанокот со италијанските бискупи во 2018 година, им порача внимателно да ги проверат кандидатите за свештеници и да ги отфрлат сите можни хомосексуалци.

Во документот од 2005 година, објавен во времето на покојниот претходник на Франциск, Бенедикт Шеснаесетти, Ватикан рече дека црквата може да ги прими во свештенството оние кои јасно „ги надминале хомосексуалните склоности“ најмалку три години.