Во вторникот во Македонија ќе преовладува ончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме.
Утринските температури се движат во опсегот од 6 до 13, а највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема попладне и со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 27 степени.