Уапсен малолетникот кој до смрт претепа брат на министер во владата на БиХ

Идентификувани се двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, во паркот на Вождовац во Белград, а еден од осомничените (16) е уапсен.

Како што дознава српски Блиц, малолетникот е осомничен за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Како што е потврдено, малолетници се осомничени дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.