На девизните пазари во средата се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,67 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето момент изнесуваше 104,55 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 156,85 на 157,40 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0850 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,0860 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,24 отсто, на 84,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,36 отсто, на 80,10 долари.