Израелската војска ја контрoлира граничната област на Газа со Египет

Според извештаите на израелските медиуми, израелската армија ја презела контролата врз целиот Појас Газа долж границата со Египет. Израелските војници се стационирани во поголемиот дел од областа позната како Филадефилскиот коридор, област долга 14 километри долж границата со Египет и Појасот Газа, објавија неколку медиуми во средата навечер, повикувајќи се на војската.

Извештаите наведуваат дека во областа има околу 20 тунели кои водат кон Египет. Меѓу другото, Хамас ги користел тунелите за криумчарење оружје во Појасот Газа. Се додава и дека некои од тунелите се уништени. Наводно, на целиот тој простор има вкупно 82 тунели.

Израелската војска, исто така, соопшти дека открила десетици ракетни фрлачи на Хамас долж Филаделфискиот коридор. Израел објави дека неговата армија контролира три четвртини од тампон зоната и планира да воспостави контрола врз целата област за да го спречи палестинското исламистичко движење Хамас да префрла оружје преку неа.

На почетокот на мај израелските трупи почнаа да напредуваат во делови од градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа. Тие го окупираа единствениот граничен премин кон Египет на палестинска страна.

Израелските напади на Рафах беа жестоко критикувани од меѓународната заедница, бидејќи во градот се беа засолнале околу 1,5 милиони луѓе, или повеќе од половината од 2,4-милионското население на Појасот Газа, бегајќи од разорените северни и централни делови на разурнатата тесна крајбрежна енклава. Покрај тоа, Израел беше жестоко критикуван поради нападите на бегалски кампиви во кои претходно ги насочуваше Палестинците како безбедносни зони, при што беа убиени во два напада најмалку 80 луѓе.

Претходно во средата Израел повторно испрати тенкови во Рафа и објави дека верува оти војната во палестинската енклава Појасот Газа ќе трае најмалку до крајот на годината. Израелски тенкови во вторникот првпат влегоа во центарот на Рафах, и покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) Израел да ги прекине операциите во овој град.

Жителите на Рафах за светските новински агенции известија дека израелските тенкови упаднале во Тел Ал-Султан, во западниот дел на градот и во Џибна и Шабур во близина на центарот на Рафах, пред да се повлечат кон границата со Египет, во тампон зоната.

Цачи Ханегби, советникот за национална безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во средата рече дека војната во Газа ќе продолжи барем до 2024 година, сигнализирајќи дека Израел не е подготвен за крај или паузриање на конфликтот, што Хамас го бара како дел од договорот за ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници.

„Борбите во Рафах не се бесмислена војна“, рече Ханегби, повторувајќи ги тврдењата дека крајната цел е да се елиминира владеењето на Хамас во енклавата и да се запрат нападите врз Израел.

САД, најблискиот сојузник на Израел, во вторникот повторија дека се против копнената операција во Рафа, но дека не веруваат дека таква операција е во тек.