Русија ги групира единиците во близина на северниот дел на украинската област Харков, населена со доминатно руско население, каде што руските сили остварија позначителни напредувања откако, како што вели Киев, ја започнала офанзивата овој месец, но сè уште нема доволно војници за голем напад во областа, изјави во четвртокот највисокиот командант на Украина.
Украина тврди дека ја стабилизирала линијата на фронтот во североисточниот регион Харков, каде што руските сили започнала прекугранична офанзива на 10 мај, што отвори нов фронт во 27-месечната војна и ги прошири побројните сили на Киев. Истовремено, руското Министерство за одбрана објави во четвртокот дека руската војска претходниот ден заземала уште пет населени места во оваа област.
Врховниот командант на украинската армоија, генерал-полковникот Александар Сирски, инаку етнички Русија, изјави дека Русија продолжува да испраќа дополнителни полкови и бригади од други области и полигони за обука за да ги зголеми своите сили на две главни линии на напад на северот на регионот Харков. Тоа, според него, ја вклучува областа Стрилеча-Липци меѓу две мали села и околината на пограничниот град Вовчанск каде што тврди дека се водат улични борби, додека објави на социјалните мрежи навестуваат дека е веќе заземен од руските војници.
„Овие сили во моментов не се доволни за офанзива од големи размери и за пробив на нашата одбрана“, оцени Сирски во изјавата за апликацијата за пораки Telegram.
Западни воени аналитичари оценуваат дека станува збор за стратешки потег на руската војска да ги рашири укрианските сили по и онака долгиот речиси 1.200 километри долг фронт. Истовремено, се предупредува дека имајќи предвид дека Харковскиот регион главно беше поштееен изминатите две години од големи боребни дејства, таму украинската војска немала оформена цврста одбранбена линија којашто е принудена да ја содава додека траат руските напади.
Украинскиот Генералштаб соопшти дека неговите сили продолжуваат да ги зајакнуваат нивните одбранбени линии во областа и тврди дека го одбиле рускиот напад во четвртокот во близина на селото Старица на Харковскиот фронт. Портпаролот на Националната гардa, Руслан Музичук изјави дека руските сили не постигнале никаков напредок во регионот Харков во текот на изминатиот ден.
Сирски рече дека „создавањето резерва за муниција“ на Украина ги намали и офанзивните способности на руските сили. Соединетите држави конечно одобрија голем пакет помош за Украина во април по неколку месеци одложување. Американскиот државен секретар Антони Блинкен во средата рече дека американското оружје што е испорачано помага да се стабилизираат украинските борбени линии.