Траат преговорите за учество во идната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ, информираат за МИА претставници од политичките партии кои се дел од работните групи. Тие истакнуваат дека преговорите се во завршна фаза, но официјално не ги откриваат имињата на новите министри. Посочуваат дека кога ќе го финишираат договорот, сите детали ќе и бидат соопштени на јавноста.
Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет, идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада.
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска организираше отворена дискусија со претставници на стопанските комори во Република Северна Македонија и членките на И
Членот на работната група од Коалицијата „Вреди“ Азир Алиу во кратка изјава за МИА соопшти дека очекува преговорите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ да завршат во наредните 3-4 дена. Алиу не открива детали за разговорите туку само потенцира дека кога ќе завршат преговорите, целата јавност навремено ќе биде информирана со сите детали.
Од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија во писмена изјава за МИА велат дека преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада се во завршна фаза, но и тие не соопштуваат детали.
СООПШТЕНИЕ: Владата на Македонија во услови на предизборие, преку скратена постапка, во парламентарна процедура повторно стави закони кои се исклучително штетни за државата и за македонските
– Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ соодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста. Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити, повторуваат од ЗНАМ.
Претседателот на Демократското движење која е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџити вчера во интервју за ТВ21 нагласи дека завршен е договорот со ВМРО-ДПМНЕ за првиот ешалон. Тој соопшти дека на Коалицијата „Вреди“ освен собранискиот спикер, ќе припаѓаат и уште шест министерства, седум заменик министри, пет државни секретари и еден вицепремиер.
Градоначалникот на Општина Гостивар и член на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари на прес-конференција вчера истакна дека преговорите за коалицирање ќе траат уште три-четири дена и посочи дека работните групи интензивно работат.
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбер Таравари вечерва за ТВ 24 Вести изјави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел
-Колку што можам да видам, преговорите ќе траат уште три-четири дена. Работните групи работат со поглавјата. Интензивно работат. Кога ќе имаме дефинитивен договор со распределените ресори и со програмата која е веќе завршена, верувам дека ќе излеземе и ќе ги соопштиме јавно на сите граѓани, рече тој.
Досега е објавено дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе имаат министри во министерствата за внатрешни работи, за финансии, за транспорт и врски, за образование и наука, за култура, за надворешни работи, за земјоделства, шумарство и водостопанство, за локална самоуправа, за одбрана, за енергетика, за политички систем и други.
Коалицијата Вреди треба да ги добие министерството за животна средина и просторно планирање, а министерот што ќе управува со него во исто време ќе биде и вицепремиер. Кадри на коалицијата Вреди ќе раководат со Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, со Министерството за економија и труд, со Секторот евроинтеграции, како и со уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.
ЗНАМ се очекува да добијат две министерства и тоа Министерство за правда и новото Министерство за администрација.
Но, пред да се избере новата влада на првата собраниска седница треба да се донесат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства, најави вчера во интервју претседателот на Собранието Африм Гаши.