Саудиска Арабија објави продажба на својот удел во нафтениот гигант „Aramco“

Саудиска Арабија објави понуда за нешто помалку од еден процент удел од нафтениот гигант „Aramco“, во вредност од 13,1 милијарди долари.

Саудиското кралство и „Aramco“ ги детализираа плановите да продадат до 0,7 отсто од акциите, додавајќи дека една десетина од акциите ќе бидат резервирани за малите инвеститори, врз основа на побарувачката. Купувачите ќе можат да испраќаат понуди од 2 јуни до 6 јуни, а цената ќе биде објавена на 7 јуни.

Финансискиот директор на „Aramco“, Зиад ал-Муршед, изјави само дека тоа ќе биде повисоко од плафонот при иницјалната котизација IPO од 29 ријали. На затворањето на пазарот во четвртокот, изнесуваше 29,1 ријали, што значи дека пазарната вредност на „Aramco“ изнесувала 1,87 трилиони долари. Во IPO таа беше проценета на 1,7 милијарди долари.

Извршниот директор Амин Насер им рече на новинарите дека продажбата претставува можност за сегашните и новите инвеститори да изградат значајна позиција во компанијата. Според него, „Aramco“ ќе ја прошири акционерската база и ќе ја подобри ликвидноста на своите акции, додаде првиот човек на компанијата.

Инвеститорите со месеци ја чекаат ткн „Project Bond“ (Проектската обврзница), како што ја нарекоа понудата во Ријад, според извори, во поглед на плановите за диверзификација на саудиската економија и намалување на зависноста од нафтата. „Визија 2030“ предвидува стимулативни активности во транспортниот и туристичкиот сектор, со зголемување на учеството на извозот во БДП од 16 на 50 отсто, кога е исклучена нафтата.

Престолонаследникот Мохамед бин Салман веќе има инвестирано стотици милијарди долари во проекти како што се електрични возила и нова авиокомпанија преку фондот за стабилизација, забележува Reuters.