Сончево и топло со мала облачност

Во недела во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.

Тмепратурата ќе се движи во интервалот меѓу 23 степени на повисоките места во западниот дел од земјата, до 36 Целзиусови степени на крајниот југ. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе достигне вредност 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.