Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс речиси сигурно ќе ја продолжи кариерата во американската МЛС лига. Поранешниот германски репрезентативец е пред потпишување договор со Лос Анџелес Галакси.
Според Фабрицио Романо, американскиот клуб веќе упатил конкретна понуда до Ројс (35) офанзивниот играч за врска кој има опција за договор со еден од водечките тимови во Саудиска Арабија, но претпочита да замине во САД.
Ројс пред неколку недели објави дека ќе ја напушти Борусија како слободен играч. Неговиот последен натпревар со „жолто-црните“ беше загубеното финале во Лигата на шампиони (ЛШ) против Реал Мадрид (0;2). Минатата сезона Ројс настапи на 39 натпревари во сите конкуренции и постигна осум гола.