Цените на нафтата се лизнаа под 81 долар на меѓународните пазари во понеделникот, сигнализирајќи го скептицизмот на трговците во однос на оценката на водечките производители дека закрепнувањето на побарувачката треба да обезбеди услови за постепено зголемување на понудата следната година.
На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во август беше за 42 центи пониска во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица и изнесуваше 80,69 долари. Речиси за истиот изност на американскиот пазар поевтини и цената на барелот за испорака во јули и се лизна на 76,54 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барелoт од нафтената референтна кошница на нејзините членки во петокот поевринил за 1,15 долари на 81,93 долари за барел.
Трговците се фокусираа на почетокот на седмицата на редовниот состанок на OPEC и неговите сојузници големи независни извозници предводени од Русија, за производната политика.
Нафтениот картел познат како OPEC+ ја намалува понудата од крајот на 2022 година, за вкупно 5,86 милиони барели дневно, што одговара на околу 5,7 отсто од глобалната побарувачка. Во неделата одлуката ја продолжија за една година, до крајот на 2025 година, договор со кој се предвидува намалување на понудата за 3,66 милиони барели дневно. Останатите 2,2 милиони барели дневно ќе бидат исклучени од пазарот до крајот на септември, соопшти групацијата, додавајќи дека планот е етапно да се враќаат до крајот на септември следната година.
„Чекаме пониски каматни стапки и подобра траекторија за економски раст… што треба да ги замени расфрланите џебови“, изјави по состанокот на OPEC+ саудискиот министер за енергија принцот Абдулазиз бин Салман.
Групацијата очекува побарувачката на нејзината нафта да биде просечно 43,65 милиони барели дневно во втората половина од годинава.
Неделниот договор стави мала кочница на цените на почетокот на неделата, бидејќи групацијата планираше од самиот почеток постепено да ги враќа на пазарот моментално блокираните 2,2 милиони барели дневно, објаснуваат аналитичарите.
„Во неочекувано деталниот план, групацијата најави дека постепено ќе ги враќаат барелите на пазарот, што ќе им отежне да го задржат производството на ниско ниво доколку побарувачката е послаба отколку што проценуваа“, предупредува „Goldman Sachs“.
И аналитичар „J.P. Morgan“ предупредува на фиксните производствени цели.
„За групацијата несомнено ќе биде предизвик да ја задржи или намали понудата доколку се покаже дека побарувачката не е толку силна (како што очекуваа). Сметаме дека нивната силна кохезија треба да овозможи поголема флексибилност, доколку се појави потреба“, вели Хрстијан Малек од „J.P. Morgan“.