Труење во Грција поради загаден водовод, заразени над 100 лица, а девет деца завршија во болница

Девет деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а еден маж завршил на Одделот за интензивна нега, објави Прототема. Здравствените служби се во состојба на готовност откако дознаа дека водата е технички неисправна во Стефановкио и Ризомилос откако над 100 лица се примени во болницата и Здравствениот дом во Велестин.

Според неофицијални информации, салмонела била пронајдена во изметот на две деца.

Граѓаните се информирани за забрана за консумирање вода за пиење и таа ќе трае, велат, најмалку 20 дена. Исто така, ќе се врши анализа и истрага на водата за да се утврди причината што ја предизвикала контаминацијата на водата.

Големо незадоволство има во двете грчки села бидејќи мештаните цела мината недела имале гастроинтестинални проблеми, а известувањето за неисправната вода било објавено дури во петокот кога се појавија болни деца.

„Управата за епидемиолошки надзор и интервенции за заразни болести ЕОДИ на 30.05.24 од Здравствен дом Велестино е известена за зголемен број на случаи на гастроентеритис кај жителите на Ризомилос и Стефановикиу во регионот на Магнезија“, се наведува во соопштението.

Гастроентеритис е инфекција и воспаление на слузницата на желудникот и цревата, што се манифестира со повраќање, дијареа и стомачни грчеви.