Државниот завод за ревизија соопшти дека државата за да ја покрие пензиската дупка во 2022 година, префрлила околу 530 милиони евра. Ако се земе предвид завршаната сметка за 2022 според која вкупните расходи во Буџетот биле 4,5 милијарди евра, тогаш се покажува дека околу 12 отсто од овие средства отишле за затворање на пензиската „дупка“.
Државните ревизори кои под лупа го ставија Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се загрижени од состојбата во Фондот за ПИОМ. Разликата меѓу приходот од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување од вработените, што како пензии и здравствен придонес за пензионерите мора да се плати, изнесува 33,58 отсто, или за една третина од неопходниот износ. Тоа е сумата, разликата, што мора да се покрива со директен трансфер од Буџетот.
„Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и натаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции, истите се покриваат со издвојување на средства од Буџетот и учествуваат со 33,58% во вкупните приходи на Фондот“, соопшти Државниот завод за ревизија.
Според презентираните податоци, државата за да ја покрие пензиската дупка во 2022 префрлила околу 530 милиони евра од буџетот. Ако пак се земе предвид Завршаната сметка за 2022 година според која вкупните расходи во Буџетот биле 4,5 милијарди евра, тогаш математиката покажува дека околу 12 отсто од буџетот се отидени за крпење на пензиската дупка.
Податоците на ревизорите покажаа дека изворните приходи т.е. приходите од наплатен придонес за ПИО во 2022 година се зголемени за 11,63 проценти во однос на претходната 2021 и во 2022 година изнесуваат 54,9 милијарди денари, или околу 890 милиони евра, што е учество од 64,5 проценти од вкупно остварените приходи.
Расходите пак, за социјалните бенефиции (исплата на пензиските примања заедно со придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, трансферите до вториот пензиски столб и инвалиднината) во 2022 изнесуваат 87,6 милијарди денари, или околу 1,4 милијарди евра за вкупно 335.743 корисници на пензиски примања. Овој износ заклучно со декември 2022 година исплатите е за 9,8% повисок во однос на 2021 година.
Ако, пак, се гледа како процент, лани сме имале најмало учество на државни пари во покривање на потребите за исплати на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување
Во последните 10 година најголемиот трансфер е забележан во 2018 година и бил 42,7 проценти од буџетската каса.