Кошаркарите на Бостон Селтикс го отворија големото финале на НБА плејофот со убедлива победа од 107:89 против Далас Маверикс и поведоа со 1-0 во серијата од четири победи. Следниот натпревар е повторно во Бостон за три дена, а потоа серијата се сели во Далас, каде што се закажани следните два натпревара.
Бостон, кој е рекордер заедно со ЛА Лејкерс со 17 титули но титулата ја чека од 2008 година, фуриозно влезе во финалето, уште по првата четвртина со 17 поени разлика (37:20). Во вториот дел домашните имаа и плус 29 (58:29), а на полувремето беа на сѐ уште големи 21 разлика (63:42). Далас се доближи на негатива од осум поени (64:72) во третата четвртина, но на влезот во последната четвртина следеше серија на Бостон од 14:2 за плус 20 (86:66). Селтикс во последната делница рутински ја одбранија големата предност и на крајот победија со 107:89.
„Пред две години го добивме првиот натпревар и го знаеме исходот од таа серија. Имаме уште многу работа“, изјави за ESPN Џејсон Тејтум, кој постигна 16 поени со 11 скока и пет асистенции.
Пред две години Бостон поведе со 1-0 против Голден Стејт, исто така водеше и со 2-1, но Вориорс на крајот триумфираа со 4-2.
„Вистинската игра штотуку почнува“, додаде Џејлемн Браун со 22 поени, најефикасен во победничката серија.
Покрај Тејтум и Браун, уште четворица играчи на Бостон забележаа двоцифрен број поени, Кристапс Порзингис постигна 20, а Дерик Вајт постигна 15 коша.
„Го добив еланот од публиката, адреналинот ми течеше низ вените“, додаде Порзингис, кој поради повреда паузираше од паркетите од 29. април.
Словенецот Лука Дончиќ го предводеше Далас со 30 поени и 10 скока, ПиЏеј Вашингтон додаде 14 поени и 8 скока, додека Кајри Ирвинг постигна 12 поени при шут за три поена 0-5.
Далас погоди 35 од 84 удари, но само седум од 27 од дистанца Далас погоди седум, а Бостон дури 16 „тројки“.
„Мора да ја движиме топката. Топката вечерва се заглави“, изјави тренерот на Далас, Џејсон Кид.
„Овој пораз нема да го намали духот на тимот. Или губите или победувате. Мораме да се фокусираме на следниот натпревар“, додаде Дончиќ.
Далас ја брка својата втора титула во историјата, откако ја освои првата во 2011 година.