Кинескиот извоз нагло забрзал во мај, покажуваат податоците на кинеската Царинска управа објавени во петокот, што сигнализира закрепнување на странската побарувачка.
Извозот во мај е зголемен за 7,6 отсто во однос на истиот месец лани, по раст од 1,5 отсто во претходниот месец годинава. Растот на увозот, пак, значително забави, од 8,4 на 1,8 отсто.
Така, суфицитот во кинеската стокова размена скокнал за 14,2 отсто во однос на април, на 82,62 милијарди долари.
Податоците сигнализираат закрепнување на надворешната побарувачка, и покрај ограничувањата за увоз во САД и бројните истраги на Европската унија за можни државни субвенции кои, како што се сомневаат во Брисел, им обезбедуваат на кинеските компании неправедна предност во однос на конкурентите.
Кинескиот извоз на електроника сигнализира истовремено можно циклично закрепнување на секторот, бидејќи кинеските испораки на кола со интегрирани чипови скокнаал за 28,4 отсто во мај во споредба со истиот месец минатата година, според пресметките на Reuters, додека кинескиoт увоз на чипови од Јужна Кореја се зголеми за истиот процент.