Минатата година во Македонија се родиле 14 деца од мајки помлади од 15 години

Според податоците на Државниот завод за статистика, изминатата година во земјава се родиле вкупно 16.859 деца, од кои 122 биле мртвородени. Бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година.

Исто така, според ДЗС, во 2023 се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години.

росечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година.

Од вкупниот број новородени, поголемиот дел биле машки деца, односно 50,9 отсто.

Според месецот на раѓање, најголем број се родиле во месец август или 1558 деца.

Од ДЗС информираат дека вонбрачни биле 2.056 деца или 12,3 отсто од вкупниот број новороденчиња.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.