Институтот за јавно здравје регистрира три лабораториски потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска од 26 април до 4 јуни.
Сите тројца пациенти биле хоспитализирани на Kлиниката за инфективни болести.
Во првиот случај станува збор за 57-годишен сточар од Kрива Паланка, кој пријавил каснување од крлеж на долните екстремитети, седум дена пред почетокот на симптомите..
Вториот случај е 29-годишен скопјанец од Арачиново кој негирал каснување од инсектот, а третиот случај е 68-годишен пензионер од Делчево, кој потврдил каснување од крлеж, што го извадил во домашни услови..
Во сите случаи биле пребарани контактите во семејството и во посетените здравствени установи, за, според протоколот, да бидат ставени под здравствен надзор од 14 дена, информираат од Институтот за јавно здравје..