Прилагодената стратегија на САД за нуклеарното оружје повеќе акцент ќе стави на ривалитетот, и можно е во следните години да дојдат до точката кога ќе мораат во поголема мера да го распоредуваат стратешкото нуклеарно оружје за да ги одвратат сѐ поголемите закани, тврдеше во петокот Пранај Вади, директор на Советот за национална безбедност во Белата куќа по прашањата за неширење на вооружувањето.
Пранај Вади го рече ова во обраќањето до Здружението за контрола на оружјето, претставувајќи „поконкурентен пристап“ за контрола на оружјето од администрацијата на претседателот Џо Бајден, откако претходно порталот Semaforл повикувајќи се на восокопозиционирани функционери, објави дека САД на 7-ми јуни ќе го обелоденат плановите за прифаќање на „поагресивна стратегија“ во сферата на нуклеарното оружје.
„Претседателот Џо Бајден неодамна потпиша обновени извршни укази за условите за употреба на нуклеарното оружје кои ја земаат предвид реалноста на новата нуклеарна ера. Овие инструкции ја нагласуваат потребата да се одговори на растот и различноста на нуклеарниот арсенал на Кина, како и неопходноста од истовремено одвраќање на Русија, Северна Кореја и Кина“, изјави Вади.
Притоа, високо позиционираниот американски функционер додаде дека САД не гледаат дека е целесообразно зголемувањето на сопствениот нуклеарен арсенал на ниво споредливо со заедничкиот обем на оваа вооружување на Русија и Кина со цел да се осигури „ефикасно одвраќање“ на овие две сили.
Вади додаде и дека САД ќе продолжат да ги почитуваат одредбите од Договорот за намалување на стратешкото вооружување, во кој всушност го суспендираа своето учество, сѐ додека Русија го прави истото.
Вашингтон последните речиси десет години постојано ја обвинува Москва дека ги прекршува договорите, додека Русија обвинува дека станува збор за манипулации на САД да ги оправдаат своите нарушувања и откажувања на нуклеарните договори.
„Ми се чини дека Русија, барем до денес.., продолжува да гледа вредност во одржувањето на ограничувањето на распореденото стратешко нуклеарно оружје. Ова е позитивен развој и ние се согласуваме со таквата позиција“, додаде Вади.
Во исто време, според него, за разлика од неговите ривали, Вашингтон нема намера да развива нуклеарно оружје наменето за последователно поставување во орбитата, бидејќи таквиот чекор би бил „јасно кршење“ на постоечките договори за вселената.
Вади нагласи дека САД остануваат посветени на меѓународната контрола на нуклеарното оружје и режимите за неширење.
Сепак, тој тврдеше додаде дека Русија одбила да разговара за договорот по новиот пакт СТАРТ од 2010 година, кој го ограничува распоредувањето на нуклеарното оружје на двете земји, но истекува во 2026 година а од кој всушност САД се повлекоа, додека Кина одби да разговара за проширување на сопствениот нуклеарен арсенал.
„Можеби во наредните години ќе дојдеме до точка кога ќе биде неопходно да се зголеми бројот на моментално распоредени (оружја). Треба да бидеме целосно подготвени да го сториме тоа доколку претседателот ја донесе таа одлука“, рече Вади.
„Ако дојде тој ден, тоа ќе резултира со инсистирање дека е потребно повеќе нуклеарно оружје за да се одвратат нашите противници и да се заштити американскиот народ и нашите сојузници и партнери“, додаде Вади.
Договорот СТАРТ-3, потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилитe Барак Обама и Дмитриј Медведев, истече во јануари 2021 година а според калузилата автоматски е продолжен до 2026 година. Вашингтон досега јасно не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека пред три години годинава се повлече и од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор.
Руско-американските преговори за продолжување на инспекциите според договорот Нов СТАРТ, кој истекува во февруари 2026 година, беа прекинати во ноември 2022 година, без воспоставување временска рамка за новите преговори. Тогаш Москва извести дека и покрај тоа што односите меѓу двете земји се на најниското ниво од крајот на идеолошката блоковска Студена војна, Москва и Вашингтон се договориле да го одржат дијалогот и успеале да решат некои од проблематичните прашања во врска со инспекциите кои произлегуваат од договорот Нов СТАРТ. Но притоа забележа дека и натаму има „значителни тешкотии“ во спроведувањето на „суштинските рутински мерки“ предвидени со договорот е комплицирано, за што ги обвини „неконструктивните активности“ на Вашингтон и неговите сојузници.
Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година и го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.
Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто сѐ уште го одбива тоа тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.
Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден искажуваше заинтересираност за нови преговори но без конкретни чекори, а Москва која во минатото искажуваше заинтересираност за нов договор, откако кон крајот на 2021 година САД и НАТО го одбија нејзиниот предлог за постигнување обврзувачки договор за намалување на безбедносните закани по Русија и особено по почетокот на војната во Украина, посочи дека американските барања а продолжување на инспекциите се „лицемерни“ и „бесмислени“. Покрај тоа, Русија сега бара да бидат со нов договор опфатени и нуклеарните арсенали кои ги поседуваат сојузниците на САД во НАТО, во прв ред Велика Британија и Франција.