Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека на денешните избори за Европскиот парламент (ЕП) е неопходно да се изберат пратеници кои ќе ги поддржат мировните иницијативи, а не продолжување на војната во Украина.
Откако гласаше на изборите за ЕП во болница, тој рече дека „Словачка нема да биде вовлечена во воените авантури на одредени западни земји кои се согласија Украина да го користи нивното оружје за цели во Русија“.
Фицо оцени дека ваквата одлука укажува на желбата на тие земји за ескалација на конфликтот.