Голем раст на крајната десница и голем пад на либералите и зелените на изборите во ЕУ

Умерениот раст на десниот центар, големиот раст на крајната десница и големиот пад на либералите и зелените се главните карактеристики на европските избори, според проценките за идниот состав на Европскиот парламент врз основа на излезните анкети.

Според проценката врз основа на излезните анкети од 11 и предизборните анкети од 16 земји-членки, Европската народна партија (EPP), која ги собира партиите од десниот центар, ќе има 181 пратеник, пет повеќе од претходното состав.

Таканаречената „погресивна“ коалиција на социјалистите и демократите (S&D) останува втора по силата политичка групација во Европскиот парламент со 135 пратеници, четири помалку од претходното свикување. Либералите (Renew) паднаа за дури 20 мандати и треба да имаат 82 наместо досегашните 102.

Овие три групации, кои важат за главни проевропски сили, заедно освоија 398 мандати, а во претходниот состав на Европскиот парламент имаа 417 пратеници. Падот е уште поголем, имајќи предвид дека претходниот европарламент имаше 705 пратеници, а новиот ќе има 720 пратеници.

Зелените доживеаја голем пад и според проценките освоија 53 мандати, 18 помалку од претходните избори кога имаа 71 пратеник. Зелените, исто така, се сметаат за силно проевропски партии, но постојано гласаа против мнозинството од првите три партии, кои затоа се спротивставија на нив како несигурни партнери.

Репрезентативната пратеничка грипа на крајната десница Идентитет и демократија (ID) треба да има 62 претставници, 13 повеќе од претходниот состав на ЕП. Сепак, успехот на крајната десноца е уште поголемдоколку се додаде и резултатот на Алтернативата за Германија (AfD), која неодамна беше исклучена од ИД и на изборите освои 16 мандати.

Групата Левица, на кајниот лев политички спектар, освојува 34 места, три помалку од претходните избори.

Во новиос состав на Европкиот парламент ќе има 51 независен претставник кои не припаѓаат на ниту една политичка групација, што е за 11 помалку од претходното свикување.

Според проценките, новите партии кои не биле дел од ниту една политичка групација освоиле околу 51 пратеничко место.